Создавање на Македонската држава
ООУ КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ -ОРИЗАРИ
Насоки за наставата по Историја за IX– А И Б одделение-30.03–03.04.2020
ЧАС 1
– Тема-Македонија во Втората светска војна; НОВА НАСТАВНА СОДРЖИНА -СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА;
целта еда ја согледа важноста на Првото заседание на АСНОМ за македонската историја и да ја аргументира посебноста на македонската држава и јазик преку одлуките на АСНОМ.
Да се потсетиме: на кој начин беше окупирана и поделена Македонија и како се организираше отпорот против фашистите?
Сега-со помош на учебникот ПРОЧИТАЈ ЈА лекцијата која се наоѓа на страните 113,114, 115и 116 и воедно разгледај ги понудените фотографии. ЗАПИШИ во тетратката: 1) Создавање на првите органи на власта -основна активност за нивно создавање е од страна на КПМ, партизанските одредии воените единици – наречени-органи на борбата-првите никулци на идната нова народна власт – формирани (1941) на окупаторска територија и илегални – цел: да собираат храна, облека, муниција и други неопходни средства потребни за борба – по ослободување на одделни територии (1943) се преорганизирни во органи на народната власт т.е народноослободителниодбори.
2)Откако ќе ја прочиташ лекцијата и ја запишеш точка 1 следната задача е да ИЗРАБОТИШ ГРОЗД или ЛИСТА СО ПОДАТОЦИ каде ќе ги наведеш одлуките од Првото заседание на АСНОМ. На крај самиот/самата извлечи заклучок за важноста и значењето на овие одлуки.
ЧАС 2
– Вежби и активности за Создавање на Македонската држава-час со ИКТ;
целта е: да се прошират знаењата на учениците за прво заседание на АСНОМ; да се поттикнат да го воочат значењето на АСНОМ; да се проверат постигањата на учениците за наставната содржина.
ВЕЖБИ-одговори на следните прашања за да ги провериш сопствените знаења! 1) Кои задачи ги извршувале НОО(народноослободителните одбори)? 2) Со каква цел бил свикан Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ? 3) Изнеси ги најзначајните решенија на АСНОМ? 4) Кога и како е формирана Првата влада на ДФМ?
АКТИВНОСТИ-истражи со помош на твојот компјутер или паметен телефон за Првото заседание на АСНОм со помош на следниве линкови: https://mk.wikipedia.org/…/Антифашистич… https://mk.wikipedia.org/…/Президиум_на_… https://mk.wikipedia.org/…/Список_на_дел… со пронајдените информации изработи презентација во апликацијата Power Point под наслов Првото заседание на АСНОМ и во презентацијата смести ги следниве елементи-Формирање на иницијативниот одбор и подготовки за свикувањето на АСНОМ, местото и времето на одржување, текот на заседанието, решенија на заседанието и значење. Во презентацијата вметни и неколку фотографии по твој избор, а на крај напиши го твоето име и одделение. Благодарам. Ви посакувам пријатна и успешна работа. Чувајте се и бидете ми здрави и живи. Со почит, наставничката Роза Јаневска.
Во прилог имате и видео за Првото заседание на АСНОМ, како и најзначајните акти на АСНОМ.
Најзначајни државотворни акти на АСНОМ се: » 1) РЕШЕНИЕ за прогласување на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија; 2) РЕШЕНИЕ на АСНОМ за воведубање на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава. Со ова решение македонскиот јазик се подига на степен на службен јазик на македонската држава, што на овој акт му дава државотворно значење, со оглед на фактот дека државноста на една земја е незамислива без постоење на службен јазик; 3) РЕШЕНИЕ на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонската држава. Ова решение има, исто так, државотворно значење и со него Илинден е прогласен за државен празник, како симбол на сите борби на македонскиот народ за конечно ослободување од вековното ропство и создавање на слободна и суверена федерална македонска држава; 4) МАНИФЕСТ на АСНОМ до македонскиот народ, кој претставува прокламација за националната слобода на македонскиот народ и создавање на македонската држава. Во овој историски домумент е даден осврт на тешката борба за слобода на македонскиот народ од времето на Илинденското востание и Крушевската Република и народноослободителната борба против фашистичките окупатори, чиј плод е конституирањето на првата слободна македонска држава; 5) На заседанието на АСНОМ е усвоена ДЕКЛАРАЦИЈА за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија. Овој документ претставува еден од позначајните документи во историјата на Македонија, документ кој ги рефлектира идеите за создавање слободна и демократска Македонија, во која сите граѓани се еднакви и рамноправни пред законите, без разлика на народност, пол, раса и вероисповед. «
НАСТАВНИ ПО ИСТОРИЈА
МЕТОДИ АНДОНОВ