ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „Крсте Петков Мисирков“ Кочани, Оризари

Еколошка програма

За училиштето

Контактирајте не

Настава

Според наставниот план во училиштето се остварува и организира e-наставата на едноставен и лесен начин.

Поддршка на учениците

Училиштето континуирано ги следи постигањата на учениците со цел да им даде поддршка и да ги подобри постигањата. 

Наша цел

Секоја година училиштето продуцира нова генерација ученици, оспособена да го продолжи своето образование.

МИСИЈА

Нашето училиште обезбедува еднакви можности на сите ученици за учење, стекнување со знаења, способности и вештини, развивајќи ја свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување. Мисијата на нашето училиште е да се стреми во насока на создавање услови за осознавање и запознавање на другите култури во Република Северна Македонија, како и остварување на непосредна соработка и соживот со ученици, наставници од учлишта каде што се учи на наставен јазик различен од нашиот.

ВИЗИЈА

ОУ “Крсте П.Мисирков” ќе биде училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава за максимелен развој и едукација на учениците и вработените, а компатибилна со националната програма за развој на образованието. Нашето училиште ќе формира и развива свест за почитување на сличностите и разликите помеѓу луѓето, ќе се стреми кон формирање на здрави личности со правилни ставови кон животот воопшто и со идеја да бидат успешни граѓани на Република Северна Македонија и да ја почитуваат својата мултинационална држава и воедно сите националности што живеат во неа.

Образовна програма ЕРАЗМУС

Пристап за иновативно образование за решавање на проблемите со климатските промени во основните училишта

Проект од образовната програма ЕРАЗМУС + на Европската Унија, наслов „Две и пол минути до полноќ“

Проект од образовната програма ЕРАЗМУС + на Европската Унија, наслов „Забавни дигитални часови“

Онлајн наставата овозможува учење од дома на едноставен и лесен начин.