Македонски јазик од 21.04.2020год.-24.04.2020год.
Активности по македонски јазик за периодот од 21.04.2020год. – 24.04.2020год.
21.04.2020год.(вторник)
– Драматизација -,,Во продавница,, – стр.82 (Активности според учебникот на стр.82 каде учениците со помош на монети од 1, 2, 5 ден, и банкноти/монети од 10 денари преку игра купуваат предмети дадени на сликата и одредуваат на кој начин ке платат).
22.04.2020год. (среда)
-Текст – ,,Дрвото и птиците,, – стр.61 (Активност – Читање на текстот ,,Дрвото и птиците,, а потоа разговор со ученикот за се што се случува во текстот – илустација на истиот.
23.04.2020 год.(четврток)
-Драматизација – „Во ресторан“, стр.83(Потсетување на зборовите за културно
однесување: повелете, благодарам, се извинувам…Активности според учебникот на стр.83
каде учениците играат различни улоги ( келнер, готвач, гостин во ресторанот…) и притоа
внимаваат на зборовите за културно однесување).
24.04.2020 год. (петок)
Стихотворба: „На улица“( читање неколку пати на стихотворбата дадена подолу и
разговор по дадените прашања).
Прашања:
- Со кого било другарчето на улица?
- Каде сакале да поминат?
- Зошто не можеле да поминат?
- Кој им помогнал да поминат?
- Преку што ја поминале улицата?
Заклучок: Улицата пешаците ја поминуваат на пешачки премин откако првоќе погледнат лево и десно.
Прилог:
На улица
Еве ме на улица
со сестра ми Дана,
сакаме да минеме
на другата страна.
Но, каде и како,
лево или десно
стоиме и чекаме
но не ни е лесно.
Елате со мене
еден чичко вели.
Тројцата поминавме
преку шарки бели.