Благодарноста на човекот кон Бога
БЛАГОДАРНОСТА НА ЧОВЕКОТ КОН БОГА
Благодарноста е одговор на милоста.Милоста и благодарноста секогаш и секаде одат заедно.Спрема милоста чуствителни се и животните.Милоста и благодарноста постојано меѓусебе се предизвикуваат и надополнуваат.
БЛАГОДАРНОСТ КОН ЛУЃЕТО
Родителите постојано не учаат да бидеме благодарни.Родителите бидејки ја знаат вредноста на благодарноста се трудат на своите деца да и ја укажат вредноста на благодарноста.Благодарноста му овозможува на човекот да биде среќен во времето и местото во кое што живее.
БЛАГОДАРНОСТ НА БОГА ВО СЕ
Од истата причина како и родителите така и Бог не учи да бидеме благодарни во се за да самите бидеме среќни во времето и местото во кое живееме.Во Библијата имаме многу примери каде што имаме давање благодарност на Бога,на пример Ное,Мојсеј,Аврам и други праведници кои во име на благодарноста му принесувале жртва на Бога.Истото го правеле и светите апостоли.
ИСЦЕЛЕНИЕТО НА ДЕСЕТМИНАТА ЛЕПРОЗНИ ЛУЃЕ Лк.17,12-19
Десетте лепрозни
„И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, па со силен глас повикаа: >>Исусе Наставниче, смилувај се!<<“ Лепрата била една од најмизерните и најбезнадежните болести на тоа време. Тоа било секојдневно умирање. Секој ден дел од тебе умирал. Денес може да ти умре прст, утре стапало, па ќе ти отпадне рака или уво. Човек постепено станувал купче чиросани смрдливи израстоци. Бидејќи била заразна, лепрозниот бил изолиран од општеството. Додека патувал, морал да вика: „Поган, поган“ за да не му се приближуваат луѓето. Затоа десетте лепрозни „застанаа подалеку“ кога Го повикаа Исуса. Не им било дозволено да се приближат. Друг симптом на лепрата било тоа што гласот станувал едвај чујно рапаво шепотење. На овие лепрозни сигурно бил потребен огромен физички напор за да извикаат доволно гласно за да ги чуе Исус. Затоа тие „со силен глас повикаа“ кога го викаа Исус. Нема посмрдлива, погрозна, поодвратна или побезнадежна болест од лепрата.
Евангелското четиво вели дека имало десет лепрозни. Не ни кажува како се собрале тие десетмина заедно. Може да биле колонија што живеела заедно за да се тешат и крепат во бедата, или можеби се собрале во група за да Му остават впечаток на Исус со својата беда и да му Го омекнат срцето кон нив. Имало барем еден Самарјанин во групата. Останатите биле Евреи. Да не биле болни од лепра, немало да бидат заедно. Била потребна лепра за да го премости јазот меѓу Евреите и Самарјаните, кои се мразеле едни со други. Да не била нивната заедничка несреќа, тие луѓе воопшто немало да се состанат. Колку е чудно што често се потребни страданија и маки за да ни текне дека сите сме чеда на Единиот Бог.
Дошле со вера
„Со силен глас повикаа: >>Исусе Наставниче, смилуј се!<<“ Зборовиве укажуваат дека тие дошле кај Исус со вера. Го нарекле Исус „Наставник“ (Учител), што значи дека верувале дека Тој е Оној што имал необична сила. Може чуле за Неговото исцелување на лепрозниот (Марко 1, 40-45). Ако Исус можел да го исцели него, зошто не и нив? Затоа дошле велејќи: „Исусе Наставниче, смилуј се!“ Колку е голема силата на верата. „Сѐ е можно за оној што верува“, рекол Исус. Единственото ограничување за силата Божја во нашите животи е ограничувањето на нашата вера.
Отидете кај свештениците
Исус не ги исцелил десетте лепрозни веднаш. Му било угодно да им ја испита верата. Не секогаш правел така. Лепрозниот што дошол кај Него претходниот пат го исцелувал веднаш. Но понекогаш нашата вера има потреба од усовршување. Затоа ги натерал лепрозните да одат по патот на послушанието.
„Отидете и покажете им се на свештениците“, им рекол. Исус не само што ја испитувал нивната вера, туку и го почитувал упатството на Еврејскиот закон што велело дека секој лепрозен што ќе се исцелел од својата болест морал да оди кај свештеникот во Храмот за да обезбеди уверение за исцелувањето. Дури тогаш му било дозволено да му се врати на своето семејство и во својот град.
„Одете“, рекол Исус. А сепак, зошто да отидат? Се погледнале едни со други. Не биле исцелени. Уште биле лепрозни. Раните, чировите, отворените дупки, прстите и ушите и рацете уште им недостигале. Како можеле да отидат кај свештениците со таков изглед? Сепак отишле. Тргнале со вера. Понекогаш Бог ни ги услишува молитвите под услов да ја примениме нашата вера. Наместо да се откажат разочарани, овие десетмина направиле како што Исус им заповедал. И ете!, чудото се случило! „И тие, одејќи, се очистија“.
Можеме да ја замислиме неописливата радост што ја почувствувале кога сфатиле дека се исцелени. Човек би помислил дека веднаш би побрзале назад кај Исуса да Му заблагодарат што ги спасил од таа ужасна болест. Но, тоа е страшниот дел од приказната. Само еден од десетмината се вратил за да Му заблагодари. „А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и го прослави Бога гласно; и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. Исус, пак, одговори и рече: >>Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?<<“
Човековата неблагодарност
Што е почудесно од ненадејното исцелување од лепра? А овие десетмина биле излекувани истовремено. Заедно страдале, заедно се молеле, заедно биле исцелени, заедно оделе со радост. Односно, сите освен еден. Сите отишле кај Христа за исцелување, а само еден се вратил да Го прослави.
Карактеристично за човекот!
Колку брзо Му се обраќаме на Бога кога сме во неволја „Господи помилуј…“ А колку бавно велиме, кога сонцето свети: „Благословувај го, душо моја, Господа, и не заборавај ги сите Негови добрини.“
Се раскажува за еден капелан од Првата Светска војна што имал должност да ги цензорира писмата што војниците ги праќале дома. Ноќта пред да ги нападнат германските редови, стотици мажи пишале писма дома. Кога битката завршила, повторно пишале дома раскажувајќи за настанот. Капеланот морал да ги прочита и цензорира сите тие писма.
Писмо напишано пред битката обично било вакво: „Мила мамо, ќе одиме во напад изутрина и мислам на дома и на тебе, Му се заколнав на Бога дека ако преживеам утре, ќе станам подобар човек“. Некои други напишале: „Мислам дека ќе станам свештеник“.
ДОМАШНА РАБОТА ДА СЕ НАУЧИ ЛЕКЦИЈАТА НА СТРАНА 102,103 И ДА СЕ РАСКАЖЕ БИБЛИСКИОТ ТЕКСТ ИСЦЕЛЕНИЕТО НА ДЕСЕТМИНАТА ЛЕПРОЗНИ ЛУЃЕ НА СТРАНА 103 ОД УЧЕБНИКОТ.