Македонски јазик -Наставни содржини од 13.04.2020-16.04.2020год
13.04.2020 година понеделник- Повторување од јазик .-Напишете во домашната тетратка пет реченици сложени по Ваш избор.
Со една линија подвлечете го подметот,а со две линии прирокот.Потоа во табела внесете ги именките,глаголите и придавките кои ги имате во Вашите пет реченици.
Притоа внимавајте на инерпункциските знаци во речениците и употребата на големи и мали букви.
Вторник -14.04.2020год. Анализа на стихотворбата-Без децата стр. 143.
Нацртајте во училишна татетратка грозд техника каде ќе вметнете убави зборови -споредба за децата зборови што моментално ќе ви дојдат во мислите.
Потоа отворете ја читанката на стр.143 и прочитајте ја стихотворбата и проверете дали има некои зборови што сте ги напишале во вашите тетратки да се совпаѓаат со некои зборови во песната..Под грозд техниката во училишната тетратка препиши 4 реченици од стихотворбата -Без децата .
Среда 15.04.2020год. Биди креативен поет.
Во домашната тетратка инспирирани од Велигденските празници обиди се и напиши песна за Велигден .Притоа добро би било да има рима во стихотворбата.
Четврток 16.04.2020год.Писмено изразување
.Велигден е голем христијански празник со обичаи и верувања.Вапцување јаца,одење во црква,Велигденски ручек ,одење на гости кај најблиските.Годинава бојадисувањето јајца ќе се случи ,а сите други активности надвор од дома ќе изостанат поради ситуацијата со Ковид 19
.Затоа напишете Писмен состав :Велигден во домашен амбиент.