Македонски јазик 01-10.06.2020
Активности по Македонски јазик за периодот од 01.06.2020 год. – 10.06.2020 год
01.06.2020 год.(понеделник)
1.Активност – Препознај буква„Ш“, стр. 102( играње игра „ На буква на буква“, активности според
учебникот на стр.102–кажување зборови на буквата Ш, одредување местоположбата на
буквата Ш во зборот, препознавање и заокружување на буквата Ш во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Ш).
2.Активност – Утврдување на изучените букви
Повторете ги сите учени букви почнувајќи од буквата А па се до буквата Ш. Кажувајте
зборови кои почнуваат на истоимената буква, буква која се наоѓа во средина на зборот и на крајот на зборот.
Пример: А – АВИОН, МАРЕ, МАСА
Б – БУРЕК, АВТОМОБИЛ, ГУЛАБ … се до буквата Ш.
*Научете ја азбуката и напишете по еден ред од азбуката во тетратката по македонски јазик.
02.06 2020 год. (вторник)
Пронајди големи букви, стр.103
-Препознавање на буквите во зборови и „читање“ зборови кои најчесто ги среќаваат во
секојдневниот живот.
Прочитајте го текстот „Излет“. Внимателно слушајте за да ја запомните
содржината.Одговорете усно на прашањата,но внимавајте одговорот да биде целосен и јасен.
1.Кој се подготвува да оди на излет?
2.Кога тие се подготвувале?
3.Каде ќе одат на излет?
.*Учениците ги заокружуваат големите букви во текстот.
*Продолжување со линиите дадени во учебникот.
03.06 2020 год. (среда)
Пронајди ги и обој скриените букви-прилог, стр 106
*Разгледајте го работниот лист во учебникот на стр.106 . Пронајдете ги скриените букви и
кажете ги гласно,а потоа обојте ги.
Игра „ На буква, на буква“.
04.06.2020 год. (четврток)
Залепете ги сликичките на соодветното место, стр.104
*На крајот од учебникот има прилог со сликички.Внимателно со ножичка исечете ги и
залепете ги на соодветно место на стр.104.
08.06.2020 год. (понеделник)
Летото ни доаѓа, стр. 85
Набројте ги четирите годишни времиња !
Разгледај ги сликите и кажи што гледате на нив !
Кое годишно време е претставено на сликите?
Каде се оди и што се прави во ова годишно време?
*Во тетратките по македонски јазик нацртај една слика по твој избор.
09.06. 2020 год. (вторник)
Активност – Состави Приказна (последната страна од учебникот)
Учениците ги сечат сликите, земаат три слики по свој избор и од нив составуваат приказна, а потоа усно ја раскажуваат приказната со целосни и јасни реченици.
10.06.2020 год. (среда)
Усно изразување –Разговор за летниот распуст
Летото е на прагот. Тоа носи многу убавини и изненадувања за децата. Завршува учебната
година. Ќе започне летниот распуст.
Раскажи каде сакашда одиш ова лето!Зошто?
Драги првачиња!
Бевте многу вредни ученици. Се надеваме дека
такви ќе бидете и во второ одделение. До нашето
следно среќавање во училишната средина Ви
посакуваме убаво и весело да си го поминете
летниот распуст! Догледање до септември!
Од Вашите наставнички :Невенка Митева и Милева Богданова