Македонски јазик 04-08.05.2020
Активности по Македонски јазик за периодот од 04.05.2020 год. – 08.05.2020год
04.05.2020год.(понеделник)
-Активност 1. – ,,Слушај и откриј,, стр.81(Разговор мегу родителот и ученикот-родителот чита ученикот ја погодува професијата).За секоја слика се чита текст а ученикот внимателно слуша и ја погодува професијата.На крајот се води разговор за тоа која професија би ја одбрал ученикот.
Препознај буква „Р“, стр. 97Активност 2. ( играње игра „ На буква на буква“, активности според
учебникот на стр.97–кажување зборови на буквата Р, одредување местоположбата на
буквата Р во зборот, препознавање и заокружување на буквата Р во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Р).
05.05.2020год.(вторник)
Дополни ја стихотворбата – ,,Малата Рада,, стр.80 Активност (родителот ја чита стихотворбата ,,МалатаРада,, На местото на испуштените зборови родителот ја покажува сликата ученикот кажува соодветен збор и ја довршува стихотворбата. Активноста може да се повтори и со друг текст. (Читање на стихотворбата одговарање усно на
поставени прашања кој што работи ( учење на стихотворбата напамет).
06.05.2020год.(среда)
-,,Пронајди зборови што звучат слично,, стр.80 Активност (родителот пронаога неколку зборови што звучат слично, а потоа ги понудува следниве зборови, кои се претставени со слика:бебе -ќебе….ученикот треба да ги поврзе паровите што звучат слично ,а потоа да нацртаат во тетратка по македонски јазик неколку примери.
07.05.2020год.(четврток)
Препознај буква „С“, стр. 97 ( играње игра „ На буква на буква“, активности според
учебникот на стр.97–кажување зборови на буквата С, одредување местоположбата на
буквата С во зборот, препознавање и заокружување на буквата С во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата С)
08.05.2020год.(петок)
Активност – ,,Направи своја книга,, – на претпоследната страна во учебникот – Смисли приказна и нацртај ја! Во празните квадрати нацртај ја и обој приказната а корицата на книгата исечи и напиши или нацртај го насловот на приказната состави ја книгата.сликај и прати го доказот