Македонски јазик 18-22.05.2020
Активности по Македонски јазик за периодот од 18.05.2020 год. – 22.05.2020год.
18.05.2020год.(понеделник)
-Активност 1 – Народна приказна „ Зајакот, лисицата и петлето“ “ ( следење на линкот
Народна приказна „Зајакот, лисицата и петлето“ и завршете ги активности според барањата во него)
https://www.youtube.com/watch?v=0jFPGTTfxec&feature=youtu.be
-Активност 2 – Графомоторички активности ( активности според учебникот на стр.86 – Повтори полиниите )-ако активноста е завршена претставија во тетратката без линии.
19.05.2020год.(вторник)
Препознавањенабуквата„У“, стр.99 ( играње игра „ На буква на буква“, активности според учебникот на стр.99–кажување зборови на буквата У, одредување местоположбата на буквата У во зборот, препознавање и заокружување на буквата У во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата У).
20.05.2020год.(среда)
–Составување реченици по слики – (вежби) следење на линкот внимателно – завршете ги барањата дадени во линкот
21.05.2020год.(четврток)
Препознај буква „Ф“ стр.99( играње игра „ На буква на буква“, активности според учебникот на стр.99–кажување зборови на буквата Ф, одредување местоположбата на буквата Ф во зборот, препознавање и заокружување на буквата Ф во зборови, пишување линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Ф)
22.05.2020год.(петок)
Стихотворба: „ПРВИТЕ УЧИТЕЛИ“-( Читање на стихотворбата дадена подолу,
одговарање усно на поставените прашањата, учење на стихотворбата напамет по избор).
ПРВИТЕ УЧИТЕЛИ
Кирил и Методиј
засловенските браќа
составиле писмо
што лесно се сфаќа .
И оттогаш за нив
до денешно време
вечна слава шири.
словенското племе .
Одговори :
- Кои се Кирил и Методиј?
- Зошто се прославува 24 Мај ?
- Чие име го носи нашата азбука