Македонски јазик 26-29.05.2020
Активности по Македонски јазик за периодот од 26.05.2020 год. – 29.05.2020год
26.05.2020год.(вторник)
Препознај буква„Х“, стр. 100( играње игра „ На буква на буква“, активности според
учебникот на стр.100–кажување зборови на буквата Х, одредување местоположбата на
буквата Х во зборот, препознавање и заокружување на буквата Х во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Х).
27.05.2020год.(среда)
Препознавањенабуквата„Ц“, стр.100( играње игра „ На буква на буква“, активности
според учебникот на стр.100–кажување зборови на буквата Ц, одредување
местоположбата на буквата Ц во зборот, препознавање и заокружување на буквата Ц во
зборови, пишување линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Ц).
( Родителот го чита текстот „ Младата цреша“, а учениците секогаш кога ќе го слушнат
гласот „ Ц“ креваат рака).
Младата цреша
На младата цреша во пролет прво процветаа цветовите. Потоа тие се претворија во плод, во мали убави црешички. Полека сонцето ги милуваше и тие секој ден се повеќе и повеќе поцрвенуваа.Кога созреаа птиците зацрцореа и ги повикаа дацата да ги берат. Децата дојдоа, ги береа вкусните црвени цреши и ги редеа како обетки на ушите, црешата беше среќна. Таа знаеше дека и следната година пак ќе роди црвени цреши, повторно птиците ќе црцорат, а децата ќе се вратат, ќе се сладати ќе се веселат.
28.05.2020год.(четврток)
Препознај буква „Ч“ стр.101( играње игра „ На буква на буква“, активности според
учебникот на стр.101–кажување зборови на буквата Ч, одредување местоположбата на
буквата Чво зборот, препознавање и заокружување на буквата Ч во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Ч)
29.05.2020год.(петок)
Препознај буква,,Џ“, стр. 101( играње игра „ На буква на буква“,активности според учебникот на стр.101–кажување зборови на буквата Џ, одредување местоположбата на буквата Џ во зборот, препознавање и заокружување на буквата Џ во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Џ).