Музичко образование 01-10.06.2020
Активности по Музичко образование за периодот од 01.06.2020год. до 10.06.2020 год
02.06.2020 год. –вторник
Наставна содржина: Пеење на песната,,Летен распуст“
Заминува пролетта и ни доаѓа летото. Пред вас е долгото и топло лето, доаѓа летниот
распуст, пред вас се долги топли денови, полни со игри и насмевки и плажи песочни.
Научете ја песничката „Летен распуст“-Potocinja 2019 на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=xDZESYtXJlo&fbclid=IwAR2XrYFiKWpj9ufkiYvdmdlaQ7J
08.06.2020 год.(вторник)
Наставна содржина: Покажи како танцуваш
Разговарајте за музиката и чувствата што таа ги буди кај нас. Што правите кога ќе слушнете
убава музика? (Најчесто почнуваме да играме и да потпевнуваме). Кога слушаме музика за
играње? (На некоја веселба, роденден, свадба или прослава на некој празник). Виенскиот
валцер е мошне убав и секогаш на Први јануари, на почетокот на Новата година, тој се
изведува во Виена. Ајде погледнете го следното видео на кое ќе видите како се игра
Виенски валцер. Внимателно гледајте го видеото неколку пати и обидете се да изведете
некои поедноставни движења. Пријатна забава!
https://www.youtube.com/watch?v=GuDBbbBqHL8