27 – 30 април
27 април – понеделник
Македонски – Писмено изразување: Препишување од печатни со ракописни букви
За дома – Басната Инаетчии да ја препишат со ракописни букви.
28 април – вторник
македонски – Вежби во читање со печатни букви и вежби во прераскажување текст
Да вежбаат читање и со печатни и со ракописни букви и кратко да прераскажат учен текст или расказ од лектирата Зоки Поки.
среда – 29 април
мак – Повторување – Јазик
Тестот што ќе го испратам по македонски јазик да го решат усно, да ги знаат прашањата и да напишат неколку прашања во тетратка.
четврток – 30 април
мак – Усно изразување – Први мај – ден на трудот
Напишаното да се прочита, а во тетратка да напишат што е 1 мај и на што е посветен, првите 2 реченици и да ги научат.
1 мај е Меѓународен ден на трудот (неработен ден)
Празникот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго.
Овој штрајк бил организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден.
Во Македонија главно празникот се користи како ден за екскурзии во природа.