27 – 30 април
27 април – понеделник
Природни науки
Да знаат дека почнуваме со нова тема и што се ќе учат во неа (само им прочитајте).
Tema – Растенија и животни околу нас
Во оваа тема учениците учат за растенијата и животните во непосреднатa околина.
Тие, исто така, учат за разликите меѓу местата кои се многу блиски едни до други, имаат разлики во растенијата и животните.
Тие учат дека исто како луѓето, така и растенијата и другите животни се размножуваат.
Тие учат како правилно да се однесуваат кон живите суштества и околината.
Лекција – Животните околу нас
Да ја следат видео лекцијата.
Во блокче да напишат наслов на темата, исказите – Веќе знаеш дека на стр.67 од учебникот и да ги научат нив. Да нацртаат неколку животни што ги има во нашето опкружување.
четврток – 30 април
Природни науки – Живеалишта
Уште еднаш нека се потсетат на видеото од претходниот час.
Во тетратка да напишат она што е со сино на стр. 70 од учебникот и да го научат. Да ја разгледаат стр.70 и да ги нацртаат и напишат животните и растението што ги има на страната.