4 – 8 мај македонски
4 мај – понеделник
Македонски – Писмено изразување – Доживувања од Први мај
Да напишат краток состав за доживувањата од Први мај или да опишат некоја интересна случка што ја доживеале скоро.
5 мај – вторник
македонски – Обработка на драмски текст: Зошто светулката нема другарче стр. 148,149 Да го прочитаат текстот, да го разберат. Во тетратка да го напишат насловот, да напишат што е драмски текст и да научат, и уште да нацртаат илустрација од текстот
среда – 6 мај
мак – Утврдување на текстот – Зошто светулката нема другарче
Да се потсетат на текстот, повторно да го прочитаат, а во тетратка да одговорат на прашањето – Зошто светулката сеуште нема најдено другарче?
четврток – 7 мај
мак – Лектира Зoки Поки 1 час
Може да го проследите видеото и да се потсетите на лектирата.
На подолните линкови има раскази, тие што ја немаат лектирата може да ги слушаат.
За дома – Опиши го Зоки Поки како што ти го замислуваш, а пото нацртај го!
(За понатаму, да се прераскаже 1 расказ од лектирата.
Кој сака може да сработи и Ѕвезда на приказната за 1 расказ – ова е незадолжително)
Петок – 8 мај
мак – Лектира Зоки Поки од Оливера Николова 2 час
За дома – Одговори ги прашањата во тетратка
1. Koj e главна личност во оваа лектира?
2. Koj му го дал прекарот на Зоран?
3. Во кои приказни Зоки Поки покажува дека е снаодлив?
4. Во која приказна Зоки најмногу те насмеа и зошто?
5. До кога Лидија го вика Зоран, Зоки Поки?