Упис за првачиња 2023/2024 год.
Врз основа на член 59,60 и 61 и член 183 став 3 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 /19 од 5.8.2019 година).
ИЗВЕСТУВАЊЕ
За запишување на ученици во прво одделение во учебна 2023/2024 год.во месец мај ,секој ученик обврзник ке добие покана со одреден термин за упис започнувајки од 8 мај 2023 г.
Право за запишување во прво одделение имаат:
– деца родени 2017 год., односно кои до крајот на календарската 2023 година ќе наполнат 6 години.
– деца кои до 31 јануари 2024 ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.
За запишување во прво одделение потребни се следните документи:
• Лична карта од родител – на увид
• Извод од матична книга на родени за детето (може и копија)
• Врз основа на член 60 став 2 при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:
1. Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
2. Потврда од стоматолошки преглед (забно) издадена од надлежна здравствена установа
3. Потврда од офталмолошки преглед(очно) издадена од надлежна здравствена установа.
4. За запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
5. Родителот/старателот потребно е најпрво да пополни Пријава за запишување на детето.
Доколку детето во моментот на уписот е надвор од државата или е иселено потребно е близок роднина да дојде во училиштето и да потпише изјава.
Директор:
Соња Иванова