ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „Крсте Петков Мисирков“ Кочани, Оризари
ЕКОЛОШКИ КАЛЕНДАР
5 Март Светски ден за заштеда на енергија
22 Март Светски ден за заштеда на водите
7 Април Светски ден на здравјето
22 Април Светски ден на планетата
15 Мај Светски ден за заштита на климата
31 Мај Светски ден против пушењето
5 Јуни Светски ден за заштита на животната средина
16 Септември Светски ден за заштита на озонската обвивка
22 Септември Меѓународен ден без автомобили
08 Октомври Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 Октимври Меѓународен ден на пешаците
16 Октомври Меѓународен ден на храната
Ден на акција на еко-училиштата – се реализира двапати во текот на една учебна година
Ајде Македонија – ден на еколошка акција на младите и граѓаните на Република Северна Македонија
ЕКО КОДЕКС
-
Нашата околина е наше огледало- затоа да се менуваме себе, а не природата!
-
Развивање на свеста за потреба од заштита на животната средина и промовирање на заштитата на животната средина!
-
Примена на интегриран пристап кон заштитата на животната средина и нејзин развој!
-
Околината редовно одржувај ја чиста!
-
Развивај Активна Свест за значењето и важноста за здрава и чиста средина!
-
Не фрлај отпадоци насекаде!
-
Отпадоците фрлај ги во канта за отпадоци или контејнер!
-
Селектирај и класифицирај го различниот вид на отпадоци за негова реупотреба!
-
Затворете ја чешмата кога не се употребува!
-
Затворете ги зиме вратите и прозорците кога е греењето вклучено!
-
Не палете светло ако природното светло е доволно!
-
Секогаш гасете ги сијалиците кога ја напуштате училницата!
-
Училниците редовно да се проветруваат!
-
Одвојте ги пластичните шишиња од другиот отпад!
-
Засадете и чувајте ги цвеќињата во училиштето и училишниот двор!
-
Секоја забележана промена во однос на загадување на средината или запоставеност на било кој дел од просторот да се пријави и истата да се отстрани!
-
ЕКО КОДЕКСОТ да стане ЈАВЕН ПРАВИЛНИК кон кој сите ќе се придржуваат и ќе го почитуваат!
СО ЗАШТИТУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА КОЈА НЕ ОПКРУЖУВА
ЈА ЗАШТИТУВАМЕ ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА !
АКТИВНОСТИ ОД ЕКОЛОШКАТА ПРОГРАМА И НИВНА ПРОМОЦИЈА ПРЕД ЈАВНОСТА
План за информирање на пошироката заедница:
Целта на програмата на ЕКО-УЧИЛИШТЕ е да се подигне општата свест за активностите во областа на животната средина во училиштето и во заедницата во која што живееме се со цел колку што е можно повеќе луѓе да добијат можност да учествуваат. Училиштето минатата година организираше редовен ,,Ден на акција“ кои поминаа доста успешно и затоа и оваа учебна година планираме да ги спроведеме
-Да се изберат цели од планот на активност ;
-Да се планираат и распределат одговорностите;
-Да бидат колку што е можно вклучени повеќе ученици ,наставници,(целата заедница)
-Постигнатите резултати медиумски да бидат објавени со цел пошироката јавност да биде информирана за еколошките активности што ги спроведува нашето училиште.