ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „Крсте Петков Мисирков“ Кочани, Оризари
МИСИЈА
Нашето училиште обезбедува еднакви можности на сите ученици за учење, стекнување со знаења, способности и вештини, развивајќи ја свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување. Мисијата на нашето училиште е да се стреми во насока на создавање услови за осознавање и запознавање на другите култури во Република Северна Македонија, како и остварување на непосредна соработка и соживот со ученици, наставници од учлишта каде што се учи на наставен јазик различен од нашиот.
ВИЗИЈА
ОУ “Крсте П.Мисирков” ќе биде училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава за максимелен развој и едукација на учениците и вработените, а компатибилна со националната програма за развој на образованието. Нашето училиште ќе формира и развива свест за почитување на сличностите и разликите помеѓу луѓето, ќе се стреми кон формирање на здрави личности со правилни ставови кон животот воопшто и со идеја да бидат успешни граѓани на Република Северна Македонија и да ја почитуваат својата мултинационална држава и воедно сите националности што живеат во неа.
ВРЕДНОСТИ
Гледаме на образованието како партнерство помеѓу родителите, наставницит и учениците.
Активно ги вклучуваме родителите во образованието на нивните деца и животот на училиштето. Промовираме континуиран професионален и личен развој на нашите вработени. Наставниците, родителите и целата училишна заедница се вклучени во препознавањето на нашата мисија.
Ја будиме љубовта за учење.
Создаваме една интегрирана, осмислена програма во која децата можат да истражуваат и да експериментираат преку лично искуство. На децата им даваме можност да ги следат своите интереси и размислувања, да прават избор и да преземат одговорност за сопственото учење. Ние охрабруваме љубопитност, имагинација и креативност.
Ја почитуваме различноста.
Кај учениците развиваме разбирање за сличностите и разликите кај луѓето и способноста да се донесат општествено одговорни одлуки. Охрабруваме флексибилност, снаодливост, критичко размислување и комуникација.
Веруваме во секој поединец
Свесни сме дека секое дете е уникатно и важно. Затоа со децата градиме позитивни односи и ги почитуваме, ги поттикнуваме да се спознаат себе си – нивните предности, предизвици, стил на учење, култура и интереси. Развиваме динамична, предизвикувачка средина за учење во која децата можат да го развијат нивниот целосен потенцијал – социјално, емотивно, креативно, интелектуално и физички.
Ги разбираме децата и детството.
Познати ни се фазите на развојот на детето и различните потреби на секоја возрасна група. Користиме методи на поучување кои одговараат на фазите на детството. Квалификувани сме во набљудувањето деца и користење на различни пристапи за вклученост на секое дете.
Промовираме одговорност за нашата животна средина и општествена заедница.
Обезбедуваме сигурна, грижлива заедница во која постои меѓусебно почитување. Кај нашите ученици негуваме и всадуваме способност и желба да бидат одговорни и да придонесуваат за светот. Ја цениме искреноста, сочувството и храброста.