Етичка вежба
Поздрав до сите.Задолжение за наредниве денови ви е задачата подолу.Напишете состав користејќи го личното искуство,примери од книги или филмови или,едноставно,општо опфатете ја темата.Се надевам дека задачата ќе ви помогне да изградите критериуми за тоа како во иднина треба да се однесувате кон другите луѓе и што за возврат треба да очекувате од нив.Составите пратете ми ги,како и вообичаено,на мојот личен месинџер,до среда 20.05 2020.Поздрав,Александар Ангелов
Изберете еден од наведените фактори за кој мислите дека најмногу допринесува за судирите меѓу луѓето и образложете го својот избор!
-Недоразбирање -Вообразеност -Нечувствителност -Недоверливост