• Е-училница
  • Распоред
  • За нас
    • Документи
      • Општо
      • Извештаи
      • Самоевалуација
      • Годишна програма
      • Буџет
    • Јавни Повици
    • Јавни набавки
      • Планирани набавки
      • Објавени огласи
      • Склучени договори
      • Реализирани договори
  • Настава
  • ОУ „Крсте Петкoв Мисирков“ Кочани, Оризари
  • Училишни Проекти
  • Новости
  • Контакт
  • Најава
мај 31, 2020

Македонски јазик 01-10.06.2020

Невенка Митева Македонски јазик, Прво одделение

Активности по Македонски јазик за периодот од 01.06.2020 год. – 10.06.2020 год

01.06.2020 год.(понеделник)

1.Активност – Препознај буква„Ш“, стр. 102( играње игра „ На буква на буква“, активности според
учебникот на стр.102–кажување зборови на буквата Ш, одредување местоположбата на
буквата Ш во зборот, препознавање и заокружување на буквата Ш во зборови, пишување
линии за графомоторички вежби, цртање нешто што почнува на буквата Ш).

2.Активност – Утврдување на изучените букви
Повторете ги сите учени букви почнувајќи од буквата А па се до буквата Ш. Кажувајте
зборови кои почнуваат на истоимената буква, буква која се наоѓа во средина на зборот и на крајот на зборот.
Пример: А – АВИОН, МАРЕ, МАСА
Б – БУРЕК, АВТОМОБИЛ, ГУЛАБ … се до буквата Ш.
*Научете ја азбуката и напишете по еден ред од азбуката во тетратката по македонски јазик.

02.06 2020 год. (вторник)

Пронајди големи букви, стр.103
-Препознавање на буквите во зборови и „читање“ зборови кои најчесто ги среќаваат во
секојдневниот живот.
Прочитајте го текстот „Излет“. Внимателно слушајте за да ја запомните
содржината.Одговорете усно на прашањата,но внимавајте одговорот да биде целосен и јасен.
1.Кој се подготвува да оди на излет?
2.Кога тие се подготвувале?
3.Каде ќе одат на излет?
.*Учениците ги заокружуваат големите букви во текстот.
*Продолжување со линиите дадени во учебникот.

03.06 2020 год. (среда)
Пронајди ги и обој скриените букви-прилог, стр 106
*Разгледајте го работниот лист во учебникот на стр.106 . Пронајдете ги скриените букви и
кажете ги гласно,а потоа обојте ги.
Игра „ На буква, на буква“.

04.06.2020 год. (четврток)

Залепете ги сликичките на соодветното место, стр.104
*На крајот од учебникот има прилог со сликички.Внимателно со ножичка исечете ги и
залепете ги на соодветно место на стр.104.


08.06.2020 год. (понеделник)
Летото ни доаѓа, стр. 85
Набројте ги четирите годишни времиња !
Разгледај ги сликите и кажи што гледате на нив !
Кое годишно време е претставено на сликите?
Каде се оди и што се прави во ова годишно време?
*Во тетратките по македонски јазик нацртај една слика по твој избор.

09.06. 2020 год. (вторник)

Активност – Состави Приказна (последната страна од учебникот)

Учениците ги сечат сликите, земаат три слики по свој избор и од нив составуваат приказна, а потоа усно ја раскажуваат приказната со целосни и јасни реченици.

10.06.2020 год. (среда)
Усно изразување –Разговор за летниот распуст
Летото е на прагот. Тоа носи многу убавини и изненадувања за децата. Завршува учебната
година. Ќе започне летниот распуст.
Раскажи каде сакашда одиш ова лето!Зошто?

Драги првачиња!
Бевте многу вредни ученици. Се надеваме дека
такви ќе бидете и во второ одделение. До нашето
следно среќавање во училишната средина Ви
посакуваме убаво и весело да си го поминете
летниот распуст! Догледање до септември!

Од Вашите наставнички :Невенка Митева и Милева Богданова

Утврдување на темата Ликовно образование 01-10.06.2020

Поврзани Лекции

Прво одделение, Е-училница

РАСПОРЕД ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ–А–Б

Прво одделение, Физичко и здравствено образование

08.06.2020г.

Прво одделение, Некатегоризирано, Mузичко образование

Музичко образование 01-10.06.2020

Прво одделение, Ликовно образование

Ликовно образование 01-10.06.2020

Прво одделение, Физичко и здравствено образование

01.06.2020г. -04.06.2020г.

Прво одделение, Општество

01.06.2020г. – 10.06.2020г.

Прво одделение, Природни науки

01.06.2020г.- 10.06.2020г.

Прво одделение, Математика

01.06.2020г. – 10.06.2020г.

Прво одделение, Математика

Математика 26-29.05.2020

Македонски јазик, Е-училница, Прво одделение

Македонски јазик 26-29.05.2020

ОУ „Крсте Петкoв Мисирков“ Кочани, Оризари

Корисни линкови

  • Е-училница
  • Документи
  • Еколошка програма
  • Настава
  • Контакт

Новости

  • Професионална ориентација за учениците од деветто одделение
  • Генерација 2020/2021Генерација 2020/2021

Контактирајте не

ул. „Маршал Тито„ бр.20
(033) 294-597
[email protected]

© 2020 Сите права задржани
Развиено од echko.net