ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „Крсте Петков Мисирков“ Кочани, Оризари
Вид на настава
Училиштето работи во две смени во 12 универзални училници, 1 работилница по ТО (Роботека), 1 кабинет по музичко, 1 кабинет по информатика и спортска сала. Наставата се остварува преку наставните планови и програми за деветгодишно образование, предложени од БРО и донесени од министерот за образование и наука и истите опфаќаат:
- Задолжителна настава по наставни предмети од I до IX одделение;
- Изборна настава (учениците и родителите, по спроведена презентација и анкета, се изјаснуваат и ги избираат изборните предмети);
- Дополнителна настава, која се организира за учениците кои имаат потешкотии во учењето и на кои им е потребна помош во текот на наставната година;
- Додатна настава, која се организира за ученици кои покажуваат значителни резултати по одделни предмети;
- Воннаставни активности за јакнење на меѓупредметните цели на наставните програми;
- Работа со талентирани ученици;
- Слободни ученички активности.
-Дополнителна настава
Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако:
-
имаат најмалку две слаби оценки,
-
имаат слаби резултати по одреден наставен предмет,
-
отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет и
-
на барање на ученикот или неговиот родител, односно старател.
Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети со најмногу четири наставни часови по наставен предмет.
Доколку ученикот не ги посетува часовите по дополнителна настава добива неоправдан изостанок.
За упатувањето на ученикот на дополнителна настава наставникот задолжително го известува родителот, односно старателот.
Распоред за дополнителна настава се доставува до 20 септември.
-Додатна настава
Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат значителни резултати по одделни наставни предмети
(талентирани ученици).
Додатната настава за учениците наставникот е должен да им ја понуди на учениците, а учениците одлучуваат дали ќе ја посетуваат додатната настава.
Распоред за додатна настава се доставува до 20 септември.
Реализација на додатна и дополнителна настава
Реализацијата на додатната и дополнителната настава е условена од потребите, барањата и афинитетите на учениците во поглед на нивото на усвоеноста на наставниот материјал по различни наставни предмети. Секој одделенски и предметен наставник изготвува индивидуална програма за работа на ниво на паралелката, при што бројот на учениците варира зависно од гореспоменатите потреби.
Во текот на годината се реализираат вкупно 36 часови додатна и исто толку дополнителна настава.
-ИНДИВИДУАЛИЗИРАНИ ПРОГРАМИ ЗА РАБОТА СО НАДАРЕНИ И ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ
Во училиштето има систем за идентификација на учениците чии основи се дадени во табелата:
Р. Бр. |
Планирана програмска активност |
Време на реализација |
Реализатор |
Првична идентификација на надарените ученици |
При упис во училиштето |
Училишниот педагог и училишниот психолог |
|
Идентификување на надарените ученици |
Организирани натпревари, редовна настава |
Наставници, стручна служба |
|
Тестирање на учениците во одделенска настава преку тестови за интелегенција |
Второ полугодие |
Стручната служба |
|
Спроведување анкетен прашалник во деветите одделенија за текот на образовниот процес на нашите ученици |
Мај |
Стручната служба |
|
Разговори со родителите |
Континуирано |
Одделенски раководители, стручна служба |
|
Истакнување на воочените надарени ученици на Одделенските и Наставничките совети |
Континуирано |
Одделенски раководители, наставници |
|
Состаноци заради истакнување на надарените ученици и поуспешен премин од одделенска во предметна настава |
Континуирано |
Наставниците кои предавале на учениците од петто одделение деветгодишно образование и наставниците кои предаваат во шесто одделение деветгодишно образование |
-ИНДИВИДУАЛИЗИРАНИ ПРОГРАМИ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
Подеднакво е важно да се пружат наједноставни услови за образование на секое дете и за дете кое има пречки во развојот.
Секое дете учи на свој начин и со поинакво темпо од другите деца. За секое дете треба да се овозможи индивидуализирано проучување, да се применуваат методи и постапки кои ќе ги задоволат развојните потреби на единката, средина во која секое дете само ќе доаѓа до нови сознанија, а наставникот да го следи, планира и организира неговото поучување и учење.
Планирани активности:
-
Идентификација на деца со посебни потреби
-
Состаноци
-
Соработка
-
Едукација
Идентификација на деца со посебни потреби
Време |
Реализатори |
Ресурси |
Очекувани резултати |
Цела година |
наставници, Стручна служба, родители |
Медицинска белешка, мислење на стручна служба и одд. наставник |
Реализирање на поставените цели |
Планирања
Време |
Вид |
Кој |
Тековна година |
Долгорочни, среднорочни, краткорочни |
Наставници |
Соработка со: Родители, Б Р О, стручна служба, наставници
Едукација:Едукативни обуки за наствен кадар и родители од стручни лица
Време на реализација: Цела учебна година.
– УПОТРЕБА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА
Согласно законот за основно образование наставниците применуваат ИКТ во наставата континуирано во текот на целата наставна
година. Секој наставник при изработката на тематско-процесното распределение одредува во кои наставни содржини и на кој начин ќе се имплементира ИКТ.
Табела- Употреба на ИКТ во одделенска наставата
Име и презиме на наставник |
Активи |
вкупно |
Невенка Митева |
Актив I oдд. |
65 |
Милева Богданова |
||
Голубина Василева |
Актив II oдд. |
70 |
Елена Тасевски |
||
Милка Данилова |
Актив III oдд. |
100 |
Киро Данилов |
||
Елисавета Златкова |
Актив IV oдд. |
102 |
Благој Данилов |
||
Соња Митева |
Актив V oдд. |
63 |
Станка Митрева |
Табела- Употреба на ИКТ во предметна наставата
Име и презиме на наставник |
Наставен предмет |
Вкупно часови со примена на ИКТ во текот на целата наставна 2019/20година |
Виолета Цекова |
Македонски јазик |
50 |
Светлана Мишева |
Македонски јазик |
50 |
Горан Тасевски |
Англиски јазик |
51 |
Биљана Јефтимова |
Англиски јазик |
72 |
Избела Митева |
Англиски јазик |
80 |
Сања Велкова |
Германски јазик |
72 |
Марина Серафимова |
Математика |
72 |
Маргарита Велкова |
Математика |
45 |
Маргарита Велкова |
Физика |
52 |
Мариетка Стојанова |
Техничко образование |
41 |
Катерина Михајлоска |
Географија |
63 |
Методи Андонов |
Географија |
60 |
Методи Андонов |
Историја |
68 |
Весна Лазарева |
Биологија |
136 |
Емица Трајанова |
Хемија |
50 |
Емица Трајанова |
ПН |
20 |
Силвана Лазарова |
Граѓанско образование |
5 |
Ѓорги Цеков |
Етика |
22 |
Етика во религиите |
14 |
|
Илија Арсов |
Музичко образование со хор и оркестар |
47 |
Ликовно образование |
40 |
|
Иновации |
20 |