Препораки до родителите и учениците
Учењето дома е сложен процес и би требало да се сфати сериозно. Секако сега значајна ќе биде улогата на наставниците кои ќе посочуваат наставни содржини преку дигитални платформи и апликации за нивните ученици. Тие се и подршка за учениците во овој специфичен период низ кои поминуваат учениците и родителите. Успешна комуникација со родителите кои сега ќе бидат едукатори дома, и ќе имаат можност да учат заедно со своето дете, особено оние кои имаат деца во помалите одделенија. Сето ова е еден нов процес и со овие нови предизвици се среќаваат наставниците и редителите.