Проект од образовната програма ЕРАЗМУС + на Европската Унија, наслов „Забавни дигитални часови“
Проектот со наслов „Забавни дигитални часови“ од ЕРАЗМУС + програмата, оска КА 229-Партнерства за училишна размена започна да се реализира од 05.10.2019, а ќе заврпи со реазлизација на активностите на 04.07.2021 година. за спроведување на овој прокет на училиштето му е доделен грант во износ од 11.266 евра.
Партнери во реализацијата на овој проект се:
– Основно училиште од Ескишекир, Р. Турција,
– Основно училиште од Пиреус, Р. Грција,
– Основно училиште од Турда, Р. Романија,
– Основно училиште од Лудбрег, Р. Хрватска.
Цели на проектот се:
1. Да се зајакне можноста на нашите наставници да користат ИКТ во наставата и Веб 2.0 отворените образовни ресурси;
2. Да се отвори патот за учење и примена на современи, креативни и иновативни техники на настава и критичко оценување;
3. Да придонесат за професионалниот развој на наставниците преку подигање на нивната свесност за процесите на учење и учење во различни земји;
4. Да се промени перцепцијата на учениците кон учењето и да се поттикнат да земат активна улога во продукција на идеи;
5. Да се подигне свест за употреба на ИКТ;
6. Да ги подобриме вештините за странски јазици на нашите наставници и ученици; 7. Да се подобрат вештините на нашето училиште за спроведување и извршување на меѓународни проекти;