Суперлативна форма кај придавките
За разлика од компаративната форма која што ја користевме да споредиме две работи, луѓе, предмети места итн. суперлативната форма ја користиме да споредиме една работа со две или повеќе.
Исто како и кај компаративната форма, кога ги менуваме придавките во суперлативна користиме две методи:
- The + adjective + est = The longest (кратки придавки)
- The + most + adjective = The most dangerous (долги придавки)
Кога додаваме -est на кратките придавки важат истите исклучоци како и кај компаративните придавки.