ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „Крсте Петков Мисирков“ Кочани, Оризари
МИСИЈА
Нашето училиште обезбедува еднакви можности на сите ученици за учење, стекнување со знаења, способности и вештини, развивајќи ја свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување. Мисијата на нашето училиште е да се стреми во насока на создавање услови за осознавање и запознавање на другите култури во Република Северна Македонија, како и остварување на непосредна соработка и соживот со ученици, наставници од учлишта каде што се учи на наставен јазик различен од нашиот.
ВИЗИЈА
ОУ “Крсте П.Мисирков” ќе биде училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава за максимелен развој и едукација на учениците и вработените, а компатибилна со националната програма за развој на образованието. Нашето училиште ќе формира и развива свест за почитување на сличностите и разликите помеѓу луѓето, ќе се стреми кон формирање на здрави личности со правилни ставови кон животот воопшто и со идеја да бидат успешни граѓани на Република Северна Македонија и да ја почитуваат својата мултинационална држава и воедно сите националности што живеат во неа.

Образовна програма ЕРАЗМУС
Пристап за иновативно образование за решавање на проблемите со климатските промени во основните училишта


Упис на првачиња за учебната 2020/2021 година
Почитувани родители, Ве информираме дека со одлука на Владата на Р С М, уписот на првачиња за учебната […]

Препораки до родителите и учениците
Учењето дома е сложен процес и би требало да се сфати сериозно. Секако сега значајна ќе биде улогата […]